Новиот член и заменик претседател на Управниот Одбор на ЕВН Македонија, Харалд Дамерер во текот на денешниот ден оствари средба со градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески.

На средбата Дамерер ја истакна добрата соработка со локалната власт и изрази уверување дека и во иднина ќе продолжи со истата динамика. Toj ја поздрави заложбата за осовременување на уличното осветлување и истакна дека тоа се совпаѓа со стратегијата на ЕВН Македонија за правилно и штедливо користење на електрична енергија.

Градоначалникот Бакрачески ја потенцира одличната соработка со Корисничко Енергетскиот Центар (КЕЦ) – Охрид, посочувајќи дека одредени непредвиливи ситуации се надминуваат многу брзо и ефикасно. Соговорниците се согласија дека во престојниот период на реализација на новото улично осветлување, сите административни и технички релации меѓу општината и КЕЦ Охрид ќе функционираат на потребното ниво.

OhridNews