Претставнци на 11 централни банки од државите во регионот, Црноморскиот регион и на држави-членки на ЕУ дискутираат за предизвиците и можностите што произлегуваат од дигитализацијата на платежните текови и иновациите, во рамки на 8-та Конференција за платни системи, за системи за порамнување хартии од вредност што во организација на Народната банка на Република Македонија и централните банки на Холандија и на Португалија традицонално се одржува во Охрид.

-Имајќи ја предвид стратешката определба на Македонија да стане членка на ЕУ, конференцијата нуди добра можност да ги информира учесниците, не само домашниопт банкарски и небанкарски финансиски сектор, туку и сите држави аспирантни за членство во Унијата за тоа какви се интеграциските процеси во сферата на платните услуги односно на платните системи во рамки на единствената економска област, истакна Маја Кадиевска -Војновиќ, вице-гувернерот на НБМ за операции за финансиски пазари и платни системи.

Меѓу другото на собирот кој ќе трае до утре 13-ти мај, ќе се дискутира и за дигитализацијата во плаќањето, плаќањето преку интернет, употребата на мобилните апарати во плаќањето, како за приватните потрошувачи така и за корисниците од бизнис-секторот.

OhridNews