Иван Саша, чие вистинско име е Александар Иванов, овогодинешниот претставник на Белорусија на Евросонг, сака да настапи во потполност гол како би ја доловил смислата на својата песна “Help you fly”, која зборува за слободата. И тоа не е се. На сцената нема да настапи сам, туку друштво ќе му прави волк.

 

Сеуште не се знае дали оваа замисла ќе успее во потполност да ја спроведе на дело, со оглед дека на Евровизија се забранети диви животни, па дури и ако тоа е во корист на изведбата. Со оглед на тоа дека на Евросонг се помалку е важен музичкиот талент, а се повеќе сценската изведба, не би не изненадило доколку Иван успее во својата намера. Останува само да почекаме и да видиме.