Зајакнувањето на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка помеѓу општините и приватниот сектор беше главна тема на разговор на денешната средба на градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески и преставници на општинската администрација, со претставниците на УСАИД кои беа во работна посета на општината.

Како што појасни градоначалникот Ногачески, на средбата биле разгледувани можностите за зајакнување на капацитетите на општината за проширување на соработката со приватниот сектор, за инвестирање на територија на Општина Дебрца како и разгледување на можноста за формирање на локален економски совет и надоградување на стратешкиот план за интегриран локален економски развој.

OhridNews