Претставници на Општина Охрид беа дел од турнирот на Јадранската Текбал лига која се одржа изминатиот викенд во Бар, Република Црна Гора.

На турнирот учествуваа натпреварувачи и спортски работници од Балканските земји, вклучувајќи ја и Полска.

Во рамките на настанот, раководителот на Секторот за спорт, млади и невладини организации при Општина Охрид, Јоне Станковски оствари средби со претставници на Текбал федерациите од повеќе земји, на кој се дискутираше за поголема промоција на овој спорт во Охрид и Македонија. Исто така, на средбите било разговарано и за можноста за организирање на турнири во Охрид, со цел зголемување на понудата на градот и развој на спортскиот туризам, информираат од Општина Охрид.

Учеството на турнирот, додаваат, се реализираше на покана на Текбал федерацијата на Црна Гора, а охридскиот тим го сочинуваа Александар Бакулески и Коста Трифуноски од ГФК „Охрид Лихнидос“ и лиценцираниот текбал судија, Фатмир Бафто.

OhridNews