Претставничката на Шпанија Миреиа Лалагуна Рохо победи на изборот за Мис на светот 2015 година, кој беше одржан во Кина. Рохо, 23-годишен модел од Барселона, е прогласена за најубава во конкуренција на 11 финалистки, победувајќи ги русинката Софија Никичук и Марија Харфанти од Индонезија, кои ги зазедоа местото на прва, односно втора придружничка.

 

Рохо има диплома од фармакологија и сака да продолжи да студира нутриционизам. Круната и ја предаде минатогодинешната Мис на светот Ролена Штраус од Јужноафриканската република, а телевизискиот пренос го следеа повеќе од милијарда гледачи ширум светот. Ова е седми пат Кина да биде домаќин на изборот за најубава жена на светот, а на натпреварувањето учествуваа 114 убавици од целиот свет.