Долгонајавуваниот оперативен систем на Мајкрсофт, Windows 8, денеска и официјално се појави во продажба ширум светот.

Дефинитивно, новото чедо на Бил Гејтс, во претстојните години, ќе го носи епитетот на оперативен систем со најрадикални промени. Револуционерно е тоа што Windows 8 ќе може да се користи на екраните со допир. Со тоа, практично, компанијата влегува на еден нов конкуретнет пазар.


Интерфејсот е комплетно сменет, додека работната површина претставува целосна апликација. Старт менито, кое беше карактеристично за претходниците на Windows 8, заминува во историјата, додека целокупниот оперативен систем доаѓа во три верзии и тоа „Про“, „РТ“ и „Ентерпрајс едишн“.

Инаку, цената за про верзијата изнесува 279,99 евра, што е прилично висока. Официјалната продажба започнува во февруари идната година, а до тогаш сите ќе можат да ги искористат бројните попусти кои ги нуди компанијата.

OhridNews