Кристијан Маркоски-келнер, Тони Бакрески-фламбер, Софија Печевска-кувар, Сања Ристеска-слаткар и Даниел Новиќ-бармен, ја сочинуваа златната екипа на средното угостителско училиште “Ванчо Питошески“ од Охрид, која на гастро натпреварот на неодамна одржаниот Меѓународен саем за туризам во Белград беше најдобра во својата конкуренција. Тие од Белград се вратија и со златен медал во екипна конкуренција.


извонреден успех на учениците од угостителско

Успехот на учениците од Угостителското училиште дотолку е поголем бидејќи е остварен во извонредно силна конкуренција, истакна професорот по послужување Зоран Манески кој воедно беше и капитен на екипата која настапи на гастро натпреварот во Белград. Одзивот на публиката на натпреварите беше навистина голем, и таа можеше за цело време да го следи натпреварот и да ги проба производите кои ги правеа учесници, информираше Манески.

Победниците на белградскиот гастро натпревар возбудени од успехот најавија нови победи во иднина. Следна таква прилика можеби ќе имаат на интернационалниот гастро натпревар што во организација на БАХА ќе се одржи догодина.

По повод големиот успех на Меѓународниот саем по туризам во Белград во средното угостителско училиште во Охрид денеска се одржа свеченост на која беа претствени победницците во гастро натпреварот.

фото: Васко Бујароски