Европската централна банка ја претстави новата банкнота од 20 евра, девет месеци пред да влезе во оптек.  ЕЦБ постепено ги вметнува новите банкноти со цел да ги замени оние кои се во оптек од воведувањето на единствена монета во јануари 2002 година.

Почна со банкнотата од пет евра во мај 2013 година, па од 10 евра во септември 2014 година.

 „Новата банкнота од 20 евра ќе влезе во оптек на 25 ноември, со што ќе се овозможи време на сите учесници да изработат нови банкноти“, рече претседателот на ЕЦБ, Марио Драги.

OhridNews