Британските научници од универзитетот во Манчестер претставија револуционерен изум кој користи графен (дводимензионална јаглеродна структура со дебелина на еден атом), кој успешно ја филтрира солта од морската вода. Тоа може да претставува спас за околу 1,2 милијарди луѓе во светот кои немаат пристап до питка вода пренесува „Индепендент“.


Графен – Фото: Фото: AlexanderAlUS — сопствено дело, CC BY-SA 3.0

Научниците направиле сложена цедилка такашто успеале прецизно да ги одредат порите во графен оксидот од кои таа е изработена. Пиради тоа цедилката може да ја задржи солта, а да ја пропушти водата која потоа е сигурно добра за пиење. Откритието е објавено во угледното научно списание „Nature Nanotechnology“.

Друг научен тим од истиот универзитет во 2010 година ја доби Нобеловата награда за прво синтетизирање на графенот.

OhridNews