Вечерва со почеток во 20 часот охриѓани повторно ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава „Вечера за глупаци“ во изведба на актерите од Народниот театар Охрид.Претставата е работена според текст на познатиот француски филмски режисер, сценарист и драматург Францис Вебер, а е во режија на Ирена Стеријовска.

 

Во претставата играат Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска и Павел Маслов. За сценографијата се погрижи Стефан Спировски, а за костимите Ана Кркулевска.

Цена на билетот за претставата е 150 денари.

OhridNews