Во рамки на фестивалот Охридско лето, Битолскиот народен театар вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе ја изведе комедијата „Тартиф“ од Молиер.

Режијата е на Сашо Миленковски, сценографијата на Зоран Николовски, музика Венко Серафимовски, костимографија Благој Мицески, а кореографијата е на Александра Азибаева.

Почетокот на претставата е во 21 часот.

Инаку, претставата „Тартиф“ дополнително е ставена на фестивалскиот репертоар, откако претходно поради болест на еден од актерите Битолскиот народен театар ја откажа претставата „Хамлет машина“ од Хајнер Милер.

OhridNews