Претставата „Свадбата на Итар Пејо“ од Бранислав Димитров, а во режија на Дејан Дамјановски, репризно ќе биде изведена во сабота, 3-ти ноември во Центарот закултура „Григор Прличев“.
Улогите во претставата ги толкуваат: Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Јасмина Билаловиќ, Адријана Билаловиќ и Билјана Билаловиќ.
Сценскиот дизајн и костимите се на Кирил Василев, кореографијата на Костадин Бетоски, а музиката ја компонираше Златко Митрески.
Почетокот на претставата е во 19 часот. Билети по цена од 100 денари можат да се набават на касата на Центарот за култура, секој ден по 15 часот.