По повод Светскиот ден на театарот, вечерва, на сцената при Центарот за култура „Григор Прличев“ Народниот театар Охрид ќе ја изведе претставата „Стари Времиња“ од Харолд Пинтер.
Претставата е во режија Нела Витошевиќ, а играат Ирена Ристиќ, Горан Стојаноски и Јасмина Билаловиќ. Костимографија е на Роза Трајческа Ристовска, сценографија Нела Витошевиќ, видео материјал Васил Христов, избор на музика Нела Витошевиќ, а сценографијата ја изработи “Вуле Игор вудкрафт” Охрид.
Претставата ќе започне во 20 часот а влезниците чинат 150 денари.