Центар за култура „Григор Прличев“

Од 15.11.2019 - 20:00 до 15.11.2019 - 21:30

Народниот театар Охрид, во петок, 15 ноември, ќе ја изведе претставата „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс, во режија на Софија Ристевска Петрушева.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски.

Оваа претстава на освои наградата НЕТА на фестивалот на камерен театар “Ристо Шишков” во Струмица во месец септември, за актерска инвентивност посветеност во остварувањето на режискиот концепт.

Карти по цена од 200 денари можат да се најдат на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.

Претставата почнува во 20 часот.

OhridNews