Центар за култура „Григор Прличев“

Од 20.10.2018 - 20:00 до 20.10.2018 - 21:30

Љубителите на театарската уметност во сабота, 20-ти октомври, во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20 часот, ќе може да ја погледнат претставата на Народниот театар Охрид „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс, во режија на Софија Ристевска.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски.

Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Овој текст на американскиот автор Тенеси Вилијамс за прв пат се изведува кај нас. Претставата има уникатна кореографија.

Билети по цена од 200 денари можат да се набават на билетарницата при центарот за култура во Охрид.

Претставата не е за лица помали 14 години.

OhridNews