Центар за култура „Григор Прличев“
Од 18.02.2022 - 20:00
Претставата „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска ќе се одигра во Центарот за култура во петок (18.,2.2022).
“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите, вели режисерката Драгана Таневска.
Во претставата играат Ивица Цонев, Елизабета Стефановска, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски.
„Сопружници“ ќе биде одиграна во малата сала при НУЦК „Григор Прличев“ со почеток во 20 :00 часот, согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика. Билетите за претставата се достапни на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.
OhridNews