Со изведба на претставата „Сопружници“, на 3 јуни, на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“, Народниот театар Охрид ќе одбележи 10 години од формирањето.
Во претставата играат:
Гејб – Ивица Цонев
Џуди – Елизабета Стефановска
Џек – Никола Тодороски
Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска
Мајкл – Филип Кипровски
“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – вели режисерката Драгана Таневска.
Картите по цена од 200 денари ќе бидат пуштени во продажба во понеделник (31.05.2021) на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.
Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.
Согласно здравствените протоколи претставата ќе може да ја проследат ограничен број гледачи.
OhridNews