Охридската публика во Центарот за култура денеска ќе има можност да ја проследи претставата  „Слугинки“ по текст на Жан Жене во режија на Иван Јерчиќ.


„Слугинки е метафора  на слободата! Слобода да се сака, твори, живее, работи, љуби… Метафора на нашето денешно живеење… На нашите стеги, стравови, желби, копнежи… “ – вели режисерот Иван Јерчиќ.


„Слугинки“ е гостувачка претстава од Битола на репертоарот на Градски театар Охрид. Играат: Илина Чоревска, Викторија Степановска и Маја Андоновска.

Претставата започнува во 19 часот.

OhridNews