Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, денеска, 10. април, гостува скопскиот театар Провокација со претставата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“.
Во претставата играат: Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Дарко Вељиќ, режијата е на Ѓорѓи Ризевски, костими Елена Лука, сценографија Роберт Ристов.
Проектот „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“ е независен проект, во продукција на „Театар Провокација“- Скопје и истиот веќе трета сезона се изведува пред преполни салони на сцената на овој театар. Претставата досега има над 50 изведби, во Театар Комедија и низ градовите во републиката. Актерот Роберт Ристов, за улогата на Џота од „Првин ќе ме земеш после ќе ме…“ ја доби наградата од меѓународното жири на НЕТА за најдобра машка улога на фестивал „Ристо Шишков“- Струмица.
Претставата почнува во 20 часот.
Влез 200 ден.
OhridNews