Веселата атмосфера продолжува и денеска на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“. Во рамки на „Охридската новогодишна приказна“ денес во 12:30 часот најмладите ќе може да уживаат во детската новогодишна театарска претстава: „Пристигна Дедо Мраз“.
Со почеток во 18:00 часот ќе започне Новогодишниот базар и хепенинг од основите општински училишта на кој ќе настапат учениците од ОУ „Григор Прличев“, ОУ „Свети Климент Охридски“ ОУ „Кочо Рацин“ и ОУ „Христо Узунов“ како и кловновите Тошо и Бозо.
OhridNews