Охридскиот Народен театар, вечерва, 17-ти септември, ќе ја изведе претставата „Парламентарки“, во хуманитарни цели. Собрабиуте средства од претставата ќе бидат донирани за помош на загрозените семејства од подрачјето зафатено од големата поплава што на почетокот од август се случи во скопскиот регион.
Претставата е работена по текст на Сашо Димоски, а според комедијата „Жени во Народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан. Во претставата играат: Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Сашо Ристовски, Филип Кипровски, Павел Маслов, Елизабета Стефановска, Ивица Цонев.
Почеток на претставата е во 20.00 часот, Влез 150 денари. Препорачана возраст:+15
OhridNews