Во рамки на фестивалот „ Охридско лето“, вечерва во предворјето на црквата Св. Софија, актерите од театарот „Вера Комисаржевскаја“ од Санкт Петербург, ќе ја изведат претстава „ Опасни врски“ од Шодерло де Лакло , а во режија на Дејан Пројкоски.

„Опасни врски“, епистоларниот роман е приказна за љубовта, страста, разочарувањето, прељубата, болката и изневерувањето. Тоа е претстава којашто е доста жестока и сурова, приказна за Валмонт и Мертеј, за двајца луѓе кои поради минатото не можат да ја живеат сегашноста. Претставата зборува за сложните односи помеѓу мажите и жените…..за вечната борба помеѓу двата пола…ликовите се во постојана потрага по љубовта…постои ли таа…како да ја препознаеме…како да ја задржиме…

Претставата е добитник на Наградата за најдобра претстава и најдобра режија на Меѓународниот театарски фестивал ФИАТ, Црна Гора.

Почеток на претставата е во 21 часот.

OhridNews