Театарската претстава „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников, закажана за сабота, 27 јануари, се одложува поради болест на лице вклучено во претставата, информираат од Центарот за култура.
За точниот термин на оддржување на претставата дополнително ќе бидете информирани, картите ќе важат или истите може да ги замените на билетара, велат.
„Несфатената цивилизација“ е претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. „Несфатената цивилизација“ е комедија, што преминува во гротеска и иронија, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест.
Во претставата играат Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев.
OhridNews