Охридската публика ќе може да ужива во изведбата на претставата „Несфатената цивилизација“ во Центарот за култура „Григор Прличев“ по повод Светскиот ден на тетарот, 27 март, со бесплатни карти.
Одлуката е донесена од страна на директорот на Установата, а карти може да се подигнат на билетарата по принцип прв дојден прв услужен, информираат од Центарот.
„Несфатената цивилизација“ е претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. „Несфатената цивилизација“ е комедија, што преминува во гротеска и иронија, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест.
Во претставата играат Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев.
Претставата е со почеток во 20.00 часот.
OhridNews