Љубителите на театарот, вечерва, во Центарот за култура ќе имаат можност да ја проследат претставата „На дното” во изведба на актерите од охридскиот Народен театар. Претставата е работена според текст на Максим Горки, во режија на Кирил Петрески.

Улогите ги толкуваат: Стрезо Стаматовски, Јасмина Билаловиќ, Биљана Билаловиќ, Ивица Цонев, Никола Тодороски, Павел Маслов, Горан Стојаноски. Сценографијата е на Зоран Николовски, а за костимографијата се погрижи Александар Џинго. 

Претставата започнува во 20 часот, а влезниците чинат 100 денари.

OhridNews