Охридските љубители на театарот, во петок на 20-ти март, во Центарот за култура ќе имаат можност повторно да ја проследат претставата „На дното” во изведба на актерите од охридскиот Народен театар. Претставата е работена според текст на Максим Горки, во режија на Кирил Петрески.
Улогите ги толкуваат: Стрезо Стаматовски, Јасмина Билаловиќ, Биљана Билаловиќ, Ивица Цонев, Никола Тодороски, Павел Маслов, Горан Стојаноски. Сценографијата е на Зоран Николовски, а за костимографијата се погрижи Александар Џинго.
Претставата започнува во 20 часот, а влезниците чинат 100 денари.
OhridNews