Најпоставуваниот современ шпански текст во регионот “Метод” (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран,  во четврток, 24 октомври, повторно на репертоарот на Народен Театар Охрид.

Режијата е на Ирена Стеријовска, а во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска и Јаков Спасов.

Претстава зборува за последносто интервју на финалните четири кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Почеток 20.00 часот.

 

OhridNews