Членовите на Драмското студио за деца и младинци кое функционира при Центарот за култура „Григор Прличев“ во недела на 10-ти април 2016 година, по трет пат ќе ја изведат детската претстава „Мачка со шапка“.
Претставата ќе започне во 12 часот, а влезниците чинат 100 денари.
За работа со членовите од драмското студио се ангажирани професионални театарски работници, кои се дел од тимот на охридскиот Народен театар.
OhridNews