Центар за култура „Григор Прличев“

Од 16.12.2023 - 20:00 до 16.12.2023 - 22:00

На репертоарот последната премиера на Народен Театар Охрид од оваа календарска година „Лавиринтот“ од Димо Дешев, во режија на Ѓорѓи Ризески, во сабота, 16 декември, во Центарот за култура со почеток 20.00 часот.

Тематски ова е „Лавиринтот“ што генерално зборува за некои вечни теми, работи кои ги толкувам јас како работи кои постоеле уште пред да се родам и останале во денешницата на некој начин. Менувајќи ги системите и свеста на луѓето, ние се развиваме и евоулираме, но секогаш имаме некои работи кои ни се останати, кои се уште треба да поминат низ уште повеќе филтри, за да се евоулираме и од нив. И токму за тоа е оваа претстава за некои заостанати од порано работи кои до ден денес пречат или ни помагаат. Од историјата треба да се учи да не ги повторуваме грешките, вели режисерот Ризески.

Во претставата играат актерите Ивица Цонев и Mарко Богдановски. Цена на картата е 200 денари.

OhridNews