Одложената театарска претстава „КРИК ЗА ЉУБОВ“ од Жозиен Баласко во режија Љупчо Ѓоргиевски ќе биде изведена во петок 08.10.2021 година, во голема сала во Центарот за култура со почеток во 20:00 часот. Во претставата провејуваат две теми, театарот и љубовта.

Театарската комична игра на карактери на сцената ќе ја донесат Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Горан Стојаноски и Ивица Цонев кои всушност ќе одиграат претстава во претстава.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Претставата ќе се одигра согласно здравствените протоколи со намален капацитет со задолжително прикажување на сертификати за имунизација со најмалку една доза вакцина или за прележан Ковид во изминатите 45 дена.

OhridNews