Утревечер со почеток во 21 часот на сцената Долни Сарај премиерно ќе биде изведена претставата Кирил и Методиј, who are you?! работена според текст на Јордан Плевнеш, а во режија на Мартин Кочовски. Како што потенцира авторот Јордан Плевнеш, текстот започнал да го пишува уште пред две децении.
– Текстот е започнат пред 20 години во Њу Јорк, таа година на универзитетот Јејл имав предавање посветено на најголемите автори на модерната македонска култура. Тогаш презентирав текст за македонскиот феномен Живко Чинго во светски рамки и пред предавањето ги сонував Кирил и Методиј како излегуваат на 5- та авенија во средновековни одежди.Тој сон за Кирил и Методиј се оствари преку овој проект. Ја посветувам оваа пиеса на бесмртниот дух на Живко Чинго, рече Плевнеш.
Станува збор за интернационален проект во кој освен од Македонија, учествуваат актери и од Бугарија, Грција, Полска.
– Оваа екипа збогатена со врвни актери и од други театри од Македонија, Грција, Бугарија станува чудна хемија, интересно друштво кое споделува една голема идеја. Таа идеја јас ја почуствував уште првот пат пред неколку години кога го прочитав првото нешто што Плевнеш го имаше напишано и сватив дека не се работи за текст кој би правел ревизија на историските факти за Кирил и Методиј туку дека е една потрага по ехото на нивните идеи и мисија, вели режисерот Кочовски.
Претставата започнува со една мистериозна средба во која висок претставник на една мултинационална компанија, Вилијам Браун, бара средба со Кирил Белогорски, којшто во списоците на американските тајни служби е забележан како експерт за Кирил и Методиј и нивното влијание во целиот словенски свет. Кирил Белогорски за исклучително висока сума пари треба да подготви 15-минутен документарен филм, којшто ќе одговори на многу прашања.
Претставата Кирил и Методиј, њхо аре ѕоу е копродукција на НУ театар „ Војдан Чернодрински“- Прилеп, НЕТА Нова европска театарска акција- Љубљана и „ Сфумато“ театар Софија.
Светската премиера на претставата ќе се одржи на 2- ри септември во Букурешт.
OhridNews