Оваа година на „Охридско лето“ се прославија многу јубилеи: 60 години од формирањето на Албанскиот театар од Скопје, 60 години од формирањето на турскот театар од Скопје, 50 години славеше и Јоана Поповска од нејзиното прво професионално појавување на македонската театарска сцена, 20 години од формирањето на Театарот за деца и младинци од Скопје а претставата „Покондирена тиква“ од Јован Стерја Поповиќ во изведба на ансамблот на Српско народно позориште од Белград во Охрид ја славеше 50 изведба. Во оваа славеничка театарска фамилија се најде и Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп славејќи го својот роденден, 60 години од своето постоење.
– Мартин Кочовски заедно со својот тим на соработници и младата и ентузијастичка трупа на прилепскот театар со неверојатен жар зборуваат за системот во кој живееме употребувајќи ја својата снага да создадат дела кои ги пленат гледачите и ги оставаат вчудоневидени од силината на автентичната енергија која заплиснува како бран од сцената кон гледалиштето.-вели драмскиот селектор Ѓорѓи Јолески.
Според Јолески претставата плени со колективниот дух на младата актерска екипа, која ја надополнува имагинативната музика на групата „Фолтин“.
-Моето задоволство е уште поголемо затоа што следејќи ги пробите на претставата „Кафкаски круг со креда“ на сцената на прелепскиот театар се одлучив свеченото затворање на биде токму со оваа претстава, додека беше во процес на работа, не знаејќи дека на Националнот фестивал „Војдан Чернодрински“ ќе биде прогласена за најдобра претстава понесувајќи ги сите големи награди во сите сегменти, но бев сигурен дека ќе се роди големо театарско дело кое достојно ќе го претставува македонскиот театар, култура и јазик ширум светските театарски сцени, додава Јолески.