Министерството за култура конечно финансира театарска претстава во Охрид и тоа е добар сигнал, велат од „Медиа Артес“, од каде премиерата на претставата „Европа“ја најавуваат за месец април.
Во меѓувреме продолжуваат напорите за реализација на иницијативата на лајонс клубот „Лихнидос“ за формирање на професионален театар во Охрид. Средства за таа намена одвои Советот на општина Охрид, а се очекува поддршка и од Министерството за култура. Чекор кон тоа се одобрените средства за претставата „Европа“ во која ќе настапи охридска актерска екипа.