Љубителиоте на тетарот во Охрид, синоќа, повторно имаа можност да уживаат во извонредната претстава „Емигранти“, работена по текст на Славомир Мрожек, а во режија на младата Ирена Стеријовска.

И синоќа публиката со долг аплауз ги испрати од сцената актерите на охридскиот Народен театар Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски, кои се главни протагонисти во претставта, во која уште играат и Билјана и Андријана Билаловиќ.

Претставата „Емигранти“ која говори за човекот заглавен во сопствениот апсурд, ја следи внимателно одбрана музика која ја компонираа Ѓоко Алоски и Стрезо Стаматоски, сценографијата е на Владимр Ѓорески – Рафик, а за костимите се погрижи Кристина Мукоска Затуроска.

Охриѓани претставата „Емигранти“ можат репризно да ја погледаат и вечерва, сабота, од 20 часот во Центарот за Култура „Григор Прличев“.

OhridNews
фото:Емилио