На покана од Театар Комедија Скопје, охридскиот Народен театар утре, 24- ти декември, ќе гостува со хит преставата „ Детектор за Лаги”. Цена на билетот е 280 денари во редовна продажба и 140 денари за студенти. Почеток на претставата е во 20 часот.

Претставата „Детектор на лаги“ е работена по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.

Ова театарско дело е приказна за двајца сопружници кои имаат нарушени односи, а проблемите се обидуваат да ги решат со помош на психијатар – хипнотизер. Но тогаш се откриваат тајните и лагите со кои сопружниците живееле со години и почнува голема театарска комедија….

OhridNews