Уште два дена останаа од програмата која Општина Охрид ја подготви за најмладите за новогодишните празници.
Денес на градскиот плоштад ќе биде изведена детска новогодишна претстава „Дедо Мраз, те сакам јас“ со почеток во 12:30 ќасот, додека од 13:30 часот предвиден е Новогодишен концерт на ОМУ „Методи Патчев“.
Богатата програма се заокружува утре, 31 декември, со Новогодишен концерт на хорот „ Ѓердан од бисери“ на градски плоштад „Свети Климент Охридски“ со почеток во 12:00 часот, концерт „Охрид знае љубов што е“ во 12:30 часот и Новогодишно шоу со Дј АЦЕ од 14:00 часот.
OhridNews