Претставата „Чекајќи го Годо“ работена според делото на Семјуел Бекет, во режија Сашо Миленковски, ќе биде одиграна на сцената на Народниот театар Охрид во Центарот за култура „Григор Прличев“ во петок, 21 март.

Во претставата играат: Владимир – Стрезо Стаматовски, Естрагон – Никола Тодороски, Лаки – Павел Маслов, Поцо – Филип Кипровски и Годо -Ангел Ристоски.

Претставата почнува во 20:00 часот. Карти во продажба од понеделник на билетарата при Центарот за култура по цена од 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата!

OhridNews