Центар за култура „Григор Прличев“
Од 23.02.2024 - 20:00 до 23.02.2024 - 22:00
Претставата „Чекајќи го Годо” во режија на Сашо Миленковски повторно на репертоарот во петок, 23 февруари со почеток во 20.00 часот.
„Чекајќи го Годо” е едно од клучните драматуршки дела на XX век. Идејата е во бесмислата на животот која сепак е поткрепена со надеж за подобра иднина и пронаоѓање на смислата. Надеж, дека утре ќе биде подобро, дека утре можеби ќе дојде Годо.
Во претставата играат: Стрезо Стаматовски во ликот на Владимир, Никола Тодороски – Естрагон, Павел Маслов – Лаки, Филип Кипровски – Поцо, додека улогата на момчето ја игра Бојан Трајкоски.
Картите по цена од 200 денари може да се купат на билетарата при Центарот за култура.
OhridNews