Од „Охридско лето“ информираат дека поради зголемен интерес за театарската претстава „ Браќа Карамазови“, ќе следи нејзино репризно прикажување  надвор од фестивалската програмата, на 21- ви август, ден по свеченото затворање на фестивалот.

Претставата со која на 20- ти август во центарот за култура „Григор Прличев“ќе се затвори годинешното издание на фестивалот,  „Браќа Карамазови“ од Достоевски е во изведба на градскиот театар  „Марин Држиќ“ од   Дубровник,  а  во режија на Дејан Пројковски.

OhridNews