Поради големиот интерес на публиката, денеска, 18-ти април, повторно ќе биде изведена претставата „Аналфабет”, комедија работена според текст на Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески. Играат: Горан Стојаноски-Максим Благадуша, Никола Тодороски-Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски-Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска-Магдалена Лапајкоска–Дупева.
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев. Во претставата се користат пиротехнички средства и не е за лица помлади од 14 години.
Претставата почнува во 20 часот.
Влез 200 денари.
OhridNews