Драмското студио „Солзи и смеа“ од Битола, идниот петок, 15-ти февруари, во големата сала на Центарот за култура “Григор Прличев”- Охрид, ќе ја изведе комедијата „Ако се вајчаш вати се за…“.

Претставата започнува во почеток 20, а билети можат да се набават на касата на Центарот за култура „Григор Прличев“по цена од 100 денари.


Драмското студио „Солза и Смеа“ е формирано на 7-ми февруари 1996 година во Битола, како аматерско студио во рамките на Центарот за култура во Битола. „Солза и Смеа“ денес е приватен театар каде работат и професионалци, насочен кон комедијата како жанр кој членовите во театарот го негуваат во сите свои претстави дома, како и на фестивали во странство. Најуспешен проект досега им е хумористичниот ТВ серијал кој четврта година се емитува на битолската телевизија „Тера“. На пошироката јавност ова драмско студио и е познато и по играната музичка комедија на групата Молика и Анета Мицевска што започна да ае емитува во декември.

OhridNews