По повод  Велигденските празници, во црквата Свети Ѓорѓи, децата од Центарот за дневен престој на хендикепирани деца одржаа претстава за родителите. Се играа мали претстави, а покрај неколкуте рецитали, песни и ора, децата со посебни потреби ги презентираа и своите карате вештини.


и тие имаат талент-децата со посебни потреби

Присутните беа трогнати од виденото, односно од тоа колку тие деца можат и умеат на свој начин да постигнат.

Претставата со свои музички изведби ја надополнија и децата од ОМУ “Методи Патче“, а беше избрано и најубавото Велигденско јајце.


гостите од ОМУ “Методи Патче“
 

Даниел Нунески и Владо Петрески
Центар за дневен престој на хендикепирани деца-
црква Св. Ѓорѓија, Охрид