Французите денеска гласаат на претседателски избори кои можат да ја одредат иднината на Европската унија. Изборниот терен е пренатрупан и непредвидлив и според некои медиуми, доколку анкетите се точни тогаш барем четворица кандидати имаат сериозни шанси да се пласираат во вториот круг на 7-ми мај.
Двајца од нив се цврсто убедени дека Франција треба да ја реформира фундаментално Европската унија, а едниот вели дека земјата можа и целосно да ја напушти ЕУ. Марин Ле Пен започна да се подготвува за овие избори уште откако го презеде раководството со екстремно десниот Национален фронт од нејзиниот татко Жан-Мари е Пен во 2011 година. И покрај прогнозите дека таа ќе ги загуби во вториот круг, поддржувачите на ЕУ стравуваат дека Ле Пен може да обезбеди трет изнендаувачки популистички изборен триумф по британското напуштање на Унијата и по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. 48-годишната Ле Пен ја застапува позицијата дека Франција треба да се откаже од еврото, да ја преобрази или напушти ЕУ и најмногу да и стави крај на миграцијата.
Најмладиот меѓу кандидатите кој е и фаворите за победа на вториот круг е 39 годишниот Емануел Макрон, кој е поранешен министер по економија во владата на актуелниот претседател Франсоа Оланд. Макрон се залага за оптимизам онаму каде Марин Ле Пен игра на чувства на страв. Тој е цврсто за ЕУ и вели ека Франција треба да се обиде да ја придовие Германија на своја страна.
Конзервативецот Франсоа Фијон е еден од четворицата кандидати. Тој е за кратење на работни места во јавната администрација за половина милион луѓе, за укинување на ограничувањето за 35-часовна стандардна работна седмица и за покачување на возраста за пензија од 62 на 65 години.
Сите погледи во Европа, а и надвор од неа, денеска ќе бидат свртени кон Франција, кога ќе започна да излегуваат првите резултати.
OhridNews
извор Макфакс