Лаптоповите на градските советници работеа под полна пареа на вчерашната седница. За разлика од некои претходни за што пишувавме, на седницата вчера сите советници ги носеа и употребуваа службените лаптопи. Дел од нив веќе си го уредиле и десктопот. Кај некои го забележавме Тоше Проевски, некои имаа семејни слики, а највпечатлив беше изборот на советничките Билјана Балазоска и Орхидеја Јованоска кои за почетна слика го одбрале претседателот на државата Бранко Црвенковски.


Бранко омилен кај охридските советнички

ohridnews