Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид присуствува на 35. Охридски пливачки маратон што се одржува под негово покровителство.

На стартот, претседателот Пендаровски им посака мирно езеро и успешна трка на учесниците, нагласувајќи го нивниот придонес во афирмацијата на Охридскиот пливачки маратон, информираат од Кабинетот на Претседателот.

Претседателот Пендаровски, додаваат, проследи дел од маратонот во придружба на талентирани ученици, добитници на награди на меѓународни натпревари, кои се гости на претседателот и сопругата како дел од програмата за поддршка на млади таленти „Отворен Кабинет за талентирани ученици“.

OhridNews