Претседателот Стево Пендаровски, денеска му го врачи мандатот на Оливер Спасовски за премиер на Техничката влада која треба да ги спроведе предвремените парламентарните избори во април оваа година.
-Врз основа на член 84 алинеа прва од Уставот на Република Северна Македонија, а во согласност со член 43 од Законот за Владата на Република Македонија и предлогот на најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство, за мандатор за состав на преодната Влада за спроведување на избори на пратеници, го определувам Оливер Спасовски“, изјави претседателот Пендаровски.
По завршувањето на седницата во Собранието, за избор на преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, претседателот Пендаровски во својот Кабинет – Вила Водно, ќе ги прими членовите на новиот состав на Владата, соопшти кабинетот на Пендаровски.
OhridNews