Претседателот Стево Пендаровски го поздравува постигнатиот договор помеѓу лидерите на политичките партии, предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули годинава.

Toj изрази очекување дека изборите ќе бидат фер и демократски, како што доликува на земја членка на НАТО и земја којашто отпочнува преговори со Европската Унија.

Постигнатиот консензус за датумот за одржување на предвремените парламентарни избори, според претседателот Пендаровски е уште еден показател дека во секоја зрела демократска земја неопходен е политички дијалог преку кој се носат усогласени одлуки и одлуки исклучиво во интерес на граѓаните на нашата земја.

Денеска лидерите на најголемите политички партии во земјата СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, Заев и Мицкоски, постигнаа договор за одржување на парламентарните избори на 15 јули, со јасно дефинирани протоколи кои освен заштитни мерки предвидуваат начини на гласање на лицата во изолација и самоизолација, како и на болните и изнемоштени лица во услови на пандемија.

OhridNews