Претседателот Стево Пендаровски донесе Одлука за ангажирање на Армијата за поддршка на локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа и поддршка на полициските сили на МВР во обезбедување на дел од државната граница со Република Албанија на територијата на општина Дебар.

Одлуката е донесена во функција на спречување на ширењето на Корона вирусот COVID-19 и отстранување на последиците од епидемијата, по прогласувањето кризна состојба на територијата на општините Дебар и Центар Жупа. Единиците на Армијата ќе ги координираат своите активности и ќе соработуваат со локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа, полицијата, Центарот за управување со кризи и останатите институции на државата вклучени во справувањето со кризната состојба. – информира Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Силите и капацитетите на Армијата во Дебар и Центар Жупа ќе бидат ангажирани до 11.04.2020 година.

Владата денеска прогласи кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, каде има најголем број заразени од вирусот Covid 19.

Само денеска се регистрирани 4 нови случаи на корона вирус, сите од Дебар, поради што е прогласена кризна состојба во овој дел од државата, информираше на прес конференциија министерот за здравство Венко Филипче.

Г.М.