Претседателот на регионот Пуља, Република Италија, Ники Вендола, кој на покана на претседателот Бранко Црвенковски,  престојува во Македонија, денеска во Охрид ќе се сретне со претставници на локалната самоуправа.

По средбата италијанскиот гостин ќе ги разгледа културно историските обележја на градот.

Вендола  кој синоќа присуствуваше на отворање на 47-то „Охридско лето“, посетата на Охрид ќе ја заврши со  работен ручек што во негова чест ќе го приреди претседателот Црвенковски.

Г.М.